Полската полиција уапси двајца пратеници во претседателската палата
Поранешниот министер за внатрешни на Полска Мариуш Камински и неговиот заменик Мачеј Васик, и двајцата поранешни пратеници се притворени од полицијата во претседателската палата во Варшава...

Поранешниот министер за внатрешни на Полска Мариуш Камински и неговиот заменик Мачеј Васик, и двајцата поранешни пратеници се притворени од полицијата во претседателската палата во Варшава. Спикерот на Сејмот, полското Собрание претходно им го одзеде пратеничкиот имунитет, по што судот во Варшава ги осуди на две години затвор. По ова, се одржаа демонстрации кои се резултат од политичките недоразбирања меѓу претседателот Дуда и новоназначениот премиер Туск.
„Шокиран сум што пратениците по 35 години слобода и независност повторно се апсат во Полска. Нивниот имунитет беше нарушен. Ми беше речено дека ќе бидат привремено во ќелија две недели, по што ќе се реши во кој затвор ќе одат“, изјави Јарослав Селин, член на право и правда.
