Реал Мадрид и Барселона заинтересирани за Халанд

10.01.2024 12:30

Опцијата за ослободување во договорот на Норвежанецот е 200 милиони евра, но тоа важи само за клубовите од Премиер лигата.

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлин Халанд може да го напушти тимот на крајот на сезоната и кариерата да ја продолжи во шпанското првенство, пренесуваат повеќе медиуми. Во игра се Реал Мадрид и Барселона.

Претходно беше објавено дека Реал Мадрид му поставил рок на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе да донесе одлука за евентуална преселба во мадридскиот клуб - 15 јануари. Според изворот, доколку Мбапе не потпише договор до овој момент, Реал ќе се префрли на опцијата за потпис на Халанд.

Опцијата за ослободување во договорот на Норвежанецот е 200 милиони евра, но тоа важи само за клубовите од Премиер лигата. Се известува дека за странски клуб оваа сума ќе биде поблиску до 100 милиони евра.