Упад во М-НАВ

Гир за М-НАВ: Назначувањата да се прават по заслуга, а не припадност на партија

10.01.2024 13:59

Евроамбасадорот Гир побара квалификации, а не партиска припадност при вработувањата во М-НАВ. Славјанка Петровска смета дека последната владина седница покажала дека компромис со безбедноста на македонското небо не смее да има...

Назначувањата да се вршат врз основа на заслуга, не врз основа на партиската припадност – евроамбасадорот Гир со јасна порака за случувањата во Македонска навигација.

Тој повтори дека изборот на раководни функции во институциите треба да се врши врз основа на искуството и квалификациите, а не политичката припадност.

Обврските кон Европската унија подразбираат и имплементација на обврските во однос на воздушната навигација, посочи Гир.

Освен од Европската унија, реакција за скандалот има и од НАТО сојузниците.

Македонската министерка за одбрана не се согласува со одлуката на судијата на претходна постапка за неодредување притвор во инволвираните во инцидентот.

 

Марија Котовска