Кошаркарките со погледи кон ЕП 2015
Полна и богата јунска агенда ќе има и македонската женска кошаркарска репрезентација. По подолго време неа ја очекува настап во квалификации за едно европско првенство. Нашиот обновен сениорски тим, значително подмладен, но и засилен со Американката Криси Гивенс, тргнува во акција за пласман на шампионатот во Унгарија и во Романија наредната 2015.

Предводени од словенечкиот стручњак на клупата, селекторот Горан Јовановиќ, нашите кошаркарки го почнуваат циклусот утре на гости кај Литванија. В четврток на 11-ти овој месец во Кавадарци ќе ја пречекаат Велика Британија, а на 15-ти ќе играат во Белгија. Потоа ќе следуваат и возвратните средби со ривалите од групата „Б“ – со Литванија во Кавадарци на 18-ти јуни, гостувањето кај Велика Британија на 22-ри и завршниот меч со Белгија во Кавадарци на 25-ти овој месец. Сите домашни натпревари на нашата репрезентација Македонската Телевизија директно ќе ги пренесува.
Шесте победници на квалификациските групи и петте најдобри од шесте селекции кои ќе завршат на вторите места, ќе се пласираат на Европското Првенство.