Кумановско: Ниту во Шупли Камен нема да се закопуваат свињи
И жителите на кумановско Шупли Камен не дозволуваат во нивното село да се закопуваат угинати свињи од африканската чума...

И жителите на кумановско Шупли Камен не дозволуваат во нивното село да се закопуваат угинати свињи од африканската чума. Тие реагираат откако утринава забележале возило кое вршело закоп. Дошло и до инцидент како што велат помеѓу жител на селото и ветеринар.
Посочуваат дека остануваат на ставот да не врши закопот но и бараат итна дезинфекција на патот во селото се до локацијата каде што се закопани свињите. Претходно мештани на Речица не дозволија во нивното село да се врши закоп на заболени животни.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираа дека локацијата ја одредува општината. На фарма со 600 свињи во кумановско Тромеѓа беше потврдена африканска чума.
