Владата ќе го разгледа предлогот на Пендаровски, да се пролонгира рокот за замена на документи
Владата ќе го разгледа предлогот на претседателот Пендаровски да се пролонгира рокот за замена на личните документи. На пунктот за сликање во пролет има метеж, но многу се чека и кога треба да се подигнат документите.

И во новата година, хаос за подигнување на готовите лични документи. На само едно место во Скопје, граѓани со часови чекаат на ред да го подигнат документот. Некои се откажуваат веднаш штом видат дека има голем метеж. а некои со денови доаѓаат да си ја пробаат среќата, дали ќе успеат да си ги земат пасошот, личната карта.
Претседателот Пендаровски побара од владата да го продолжи рокот за замена на личните документи до крајот на годинава, за да се избегнат редиците чекање. Премиерот Ковачевски вели дека мора да ја прашаат Грција за пролонгирање на рокот за замена на документите со новото име.
Согласно со преспанскиот договор, сите лични документи мора да бидат со новото уставно име по февруари.
Ирина Гелевска
