ЕП 2024

Македонија поразена од Франција во првиот натпревар на ЕП 2024

10.01.2024 20:27

Македонската ракометна сениорска ракометна репрезентација денеска во својот прв натпревар од групата „А“ на Европското првенство на фудбалскиот стадион во Диселдорф загуби од Франција со 39:29 (17:13).

Македонската ракометна сениорска ракометна репрезентација денеска во својот прв натпревар од групата „А“ на Европското првенство на фудбалскиот стадион во Диселдорф загуби од Франција со 39:29 (17:13).

На овој меч беше остварен историски рекорд по број на посетеност на ракометен натпревар со вкупно над 53.000 илјади гледачи на трибините.

Македонија предводена од селекторот Кирил Лазаров добро го почна мечот во „Меркур Шпил Арена“, беше рамноправна во првите 15-20 минути против еден од фаворитите за освојување на медал. Мечот го отвори Талески (0-1), Франција очекуваше по 4-2 лесно да го урне отпорот на „црвено-жолтите“, но тоа не се случи. Вечерва во имавме расположениот Митревски на нашата мрежа, кој запиша осум одбрани. Токми по негова интервенција, Македонија направи серија од 2-0 и со голот на Костески поведе со 5-6, беше и 6-7.

Во нашата репрезентација најефикасен беше Жарко Пешевски со 7 гола, додека Џонов заврши со 6 погодока, од кои дури 4 беа во првото полувреме. Четири гола останаа запишани зад името на Филип Кузмановски, колку што имаше и Лазаревски. На голот на нашата репрезентација Никола Митревски имаше 10 одбрани.

Македонија во следното коло игра против домаќинот Германија на 14.01 во Берлин.