мвр
115 санкционирани возачи во Скопје
11.01.2024 08:17
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.01.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 115 мерки, меѓу кои 13 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 13 мерки за користење мобилен телефон при возење, девет мерки за непочитување на првенство на минување.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.
