Одбрана
Министерката Петровска ќе потпише договори за стипендирање со студенти од критични специјалности
11.01.2024 08:34
Студентите кои Министерството за одбрана ќе ги стипендира студираат во областите кои се дефинирани како критични специјалности во Армијата на Република Северна Македонија...

Денес во Министерството за одбрана, министерката Славјанка Петровска и студентите коишто беа примени на Конкурсот за стипендирање на студенти за потребите на Армијата ќе потпишат договорите за стипендирање. Студентите кои Министерството за одбрана ќе ги стипендира студираат во областите кои се дефинирани како критични специјалности во Армијата на Република Северна Македонија.
По потпишување на договорите ќе следат изјави за медиумите од министерката Петровска и студентите, соопштија од Министерството за одбрана.
