Тенис

Изгубеното од лани, вратено!

07.06.2014 19:25

12-то учество на парискиот грен слем, трето со ред финале, втор пат со пехар, еднакво на Марија Шарапова...

5-тото Роланд Гарос партиципирање пак, на подобра во моментов рангираната на ВТА поредокот Симона Халет(4), завршува со нејзин запишан само најголем успех, или вртоглав париски прогрес. Во четирите досегашни појавувања на црвеницата во француската метропола, второто коло беше врвот за Халеп, овојпат финале, но сеуште останува да сонува пехар.

Лани Серена Вилијамс и го открадна на Шарапова тронот, на кој русинката беше 12 месеци пред тоа (2012). Годинава решена беше од самиот негов почеток пред 14 дена дека годинава повторно нејзините отпечатоци ќе се најдат на Роланд Гарос трофејот, и така би.

Почна фуриозно русинката 6:4, потклекна кога најмалку беше потребно условно, во втората половина на вториот сет, кој преку тај-бреик и припадна на супер упорната романка 7:5. Третиот решавачки го исфли на површина факторот искуство, кое значеше репризен гем, сет од првиот за Шарапова, за дрмата по три часа на ”Филип Шатрие“ ја приврши со 6:4.

Иако со пораз го завршува финалето во Париз 22 годишната Халеп, сепак останува на истата ВТА позиција, четири. 5 години повозрасната противничка Шарапова со бенифит го заокружува престојот на Отвореното Првенство на Франција, од 7-ма напредува од понеделник на ВТА скалата за две места. Што се однесува до годинешните постигнувања, ова се двете тенисерки кои бележат константни успеси, а тоа ги носи во поредокот за 2014-та на првото и второто место потиснувајќи ги зад себе водечките три во генералниот ранкинг, Серена Вилијамс која испадна од турниров уште во второто коло, втората На Ли во воведното појавување, третата Радванска во третото. Продолжи со прогресивниот континуитет русинката, а со слабиот теренски приказ С. Вилијамс, можно е крајот на годината да ја врати Шарапова на самиот врв во женскиот тенис.

Следниот грен слем предизвик е на неговото величество Вимблдон за 15 дена (23.06-06.07.2014).