Израел се најде пред Меѓународниот суд во Хаг, Јужна Африка тврди дека Тел Авив врши геноцид
Американскиот државен секретар Блинкен во Рамала се сретна со палестинскиот лидер Абас. Разговарале за повоените планови за Газа и за првите чекори за формирање палестинска држава. Израел се најде пред Меѓународниот суд во Хаг. Во тужбата, Јужна Африка тврди дека Тел Авив врши геноцид во Појасот Газа. Израелските одбранбени сили продолжуваат со нападите во енклавата...

Тел Авив откри нови тунели на Хамас во центарот на Газа и најави нови операции во областа. СЗО ја откажа мисијата за достава на помош во енклавата поради безбедносни причини и го повика Израел да ја одобри испораката. Немаме намера трајно да ја окупираме Газа или да го раселуваме цивилното население, тврди премиерот Нетанјаху.
„Се бориме против терористите на Хамас, а не против палестинското население. И ние тоа го правиме во целосна согласност со меѓународното право. Израелската одбрана прави се за да се минимизираат цивилните жртви. Нашата цел е да ја ослободиме Газа од терористите на Хамас и да ги ослободиме нашите заложници. Штом тоа ќе се постигне, Газа може да се демилитаризира и дерадикализиран, а со тоа да се создаде можност за подобра иднина за Израел и Палестинците слично“, изјави Бенјамин Нетанјаху, израелски премиер.
Тел Авив денеска на обвинителна клупа на Меѓународниот суд на правдата под обвинение од Јужна Африка за геноцид во војната во Појасот Газа. Во Рамала, граѓаните излегоа на улиците во знак на поддршка. Толпата повика на прекин на огнот.
„Денес велиме благодарам. Благодарам на Јужна Африка. Ви благодариме што поднесовте случај против окупацијата. Веруваме дека многу земји ја почувствуваа нашата болка, но Јужна Африка реши материјално, да ја стави на хартија и поднесе случај“, изјави градоначалник Рамала.
Администрацијата на Бајден, во пресрет на судењето, го повтори своето противење на тужбата, нагласувајќи дека обвиненијата се неосновани. Египет и Јордан повикаа на палестинските бегалци да им биде дозволено да се вратат дома. Продолжуваат дипломатските разговори за повоена Газа.
„Јасно е дека земјите во регионот се засегнати пред сè за да се спречи ширењето на конфликтот, но и да се дизајнира подобар пат напред за регионот како целина и особено за Израелците и Палестинците. Работата ќе продолжи во деновите и седмиците што претстојат. Постои вистинско чувство на итност. И ние, Соединетите држави ќе продолжиме да бидеме многу активно ангажирани во обидот да ги придвижиме работите напред“, изјави Ентони Блинкен, државен секретар на САД.
Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која од јеменските Хути се бара да запрат со напади врз комерцијални и трговски бродови во Црвеното Море. Американскиот државен секретар Блинкен рече дека нападите на Хутите потпомогнати и поттикнати од Иран, влијаеле на цените на стоките, горивото и лековите бидејќи бродовите се пренасочувале кон подолги рути и плаќале повеќе за осигурување.
Маријана Димовска
