Украина

НАТО потврди дека ќе продолжи да ја поддржува Украина во 2024 година

11.01.2024 09:49

НАТО ја потврди посветеноста за дополнително зајакнување на одбраната на Украина, а воедно и ја осуди ескалацијата на руските воздушни напади врз Украина, како и руската употреба на балистички ракети од Северна Кореја и беспилотни летала од Иран...

НАТО ја потврди посветеноста за дополнително зајакнување на одбраната на Украина, а воедно и ја осуди ескалацијата на руските воздушни напади врз Украина, како и руската употреба на балистички ракети од Северна Кореја и беспилотни летала од Иран.

Ова беше одлучено на самитот НАТО-Украина, а сојузните ветија и дополнителна воздушна поддршка за Украина.

На теренот борбите не запираат. Два руски проектили погодија хотел во Харков, вториот по големина град во Украина. 11 лица се ранети, а меѓу има и двајца турски новинари, јавуваат украинските власти.