Македонија

Амбасадорот Коп со остра порака до Ахмети

11.01.2024 09:50

Коп му посочил на Ахмети дека во изминативе две години има постојан пад на владеењето на правото и оти во ризик е доведена посветеноста на земјава за членство во Европската унија.

Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп со остра порака до лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Неприфатливо е да има политичко влијание врз претседателот на Врховниот суд и тоа ќе наиде на силна реакција од Холандија.

Коп му посочил на Ахмети дека во изминативе две години има постојан пад на владеењето на правото и оти во ризик е доведена посветеноста на земјава за членство во Европската унија.

Лидерот на ДУИ на средбата со холандскиот амбасадор Коп истакнал дека Законот за проверка за судиите, обвинителите и политичарите е подолго време во Собранието, но ЕУ првично имала резерви во овој процес.

Што се однесува до Врховниот суд, во надлежност на Судскиот совет е да постапува според законите без каков било внатрешен или надворешен притисок, велат во соопштение по средбата со Коп од ДУИ.