Еквадор
Правосудниот систем е голем проблем во Еквадор, вели Нобоа
11.01.2024 09:50
Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа вели дека голем проблем во земјата е правосудниот систем...

Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа вели дека голем проблем во земјата е правосудниот систем. Рече дека постојат апсурдни ситуации и дека неговата влада се обидува да го поддржи државното обвинителство.
Во Еквадор е прогласена вонредна состојба. Земјата е во битка со нарко бандите кои држат како заложници над 130 затворски чувари и друг персонал.
Од затвор избегаа неколкумина водачи на озлогласени картели, а вчера вооружена група упадна во програма во живо.
