Македонски триумф во Атина
Во нашиот состав нејефикасен беше Кире Лазаров со 7 погодоци, Манасков постигна 5, а по наша вина одново најдобар поединец кај домашните беше голманот Гергиадис со 13 интервенции...

Големите победуваат и кога не играат најдобро, а барем за Грција ,Македонија покажа дека е голема репрезентација.И покрај проблемите во играта , лошата организација во нападот и серијата технички грешки, нашата репрезентација во Атина ја победи Грција со 27-25.
На почетокот Стоилов со 3 , Манасков со 5 и Ристовски со 9 интервенции ја одржуваа Македонија во константно водство, иако недоволната воиграност во нападот резултира со доста изгубени топки што на грците им овозможи да одржуваат резултатски приклучок и на неколкупати да го израмнуваат резултатот за наше минималчно водство на полувремето со 13-12.
Пројавените проблеми во играта не ги одминаа нашите репрезентативци ни во второто полувреме кога Грција на неколкупати поведе , во 45 минута и со 22-20. Георгиевски не врати,но конфузијата продолжи. Сепак во последните 10 минути се влезе со 23-23, на три до крајот беше 25-25, следуваа два гола на Филип Лазаров, 16-тата интервенција на Борко за конечна победа со 27-25.
Во нашиот состав нејефикасен беше Кире Лазаров со 7 погодоци, Манасков постигна 5, а по наша вина одново најдобар поединец кај домашните беше голманот Гергиадис со 13 интервенции.
Во Лиосион Арената во Атина натпреварот се одигра пред 500-тина коректни навивачи, па на моменти наликуваше како да се игра на наеутрален терен.
Македонија беше и успеа да го издржи фаворитскиот притисок, но победата во Атина ќе мора да ја потврди идната недела во Скопје и со ракометен спектакл да го потврди настапот на Светското првенство во Катар.
