САД

Силно невреме на истокот на САД, најмалку пет жртви

11.01.2024 11:44

Повеќе од 150 илјади домови останаа без струја, главно во сојузните држави Њујорк и Пенсилванија. Некои училишта на источниот брег ја откажаа наставата...

Најмалку пет лица загинаа во снежното невреме што го зафати истокот на САД. Повеќе од 150 илјади домови останаа без струја, главно во сојузните држави Њујорк и Пенсилванија. Некои училишта на источниот брег ја откажаа наставата. Изобилните врнежи ги затворија патиштата. 700 летови беа откажани, а речиси 4.000 одложени.

Властите предупредија дека некои реки може да се излеат во североисточните делови. Наредена евакуација во сојузна држава Конектикат. Серија торнада погодија држави на југоистокот, вклучувајќи ги Флорида, Алабама и Џорџија.