Фудбал – СП Бразил 2014

4 дена – голови на 4 СП

08.06.2014 11:31

Легендарниот Пеле Во Шведска постигна шест гола, еден против Велс , хет – трик против Франција и два против домаќинот...

Само двајца фудбалери во истроријата на Светските првенства постигнале голови на четири мундијали. Тоа се Пеле и Уве Зелер со тоа што Бразилецот трипати ја освојуваше титулата, додека Германецот ги тресеше противничките мрежи минимум по двапати на секој од шампионатите, но никогаш повеќе од еден на натпревар. Интересно и двајцата тоа го направија на истите муднијали во 1958-та, 1962-та, 1966-та и 1970-та.

Легендарниот Пеле Во Шведска постигна шест гола, еден против Велс , хет – трик против Франција и два против домаќинот. Во Чиле и во Англија, најдобриот светски фудбалер погодуваше по еднаш и тоа против Мексико, односно Бугарија. Од вкупно 12-те погодци на мундијалите, Пеле во Мексико реализираше уште пет и тоа по еден во дуелите со Италија и со Чехословачка и два против Романија.

Зелер пак, во 1958-та година погоди по еднаш против Аргентина и Северна Ирска. Во 1962-та Зелер постигна голови против Швајцарија и Чиле, во 1966-та во натпреварите со Шпанија и Уругвај, а до вкупната бројка од девет гола дојде со погодоците против Мароко, Бугарија и Англија во 1970-та.