Процес против Израел во Хаг
Израел на обвинителна клупа во Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Јужна Африка го обвини Тел Авив за геноцид во Газа. Правните тимови ги изнесуваат аргументите...

Почна процесот против Израел во Хаг под обвинение од Јужноафриканската Република за геноцид во војната во Појасот Газа. Пред палатата на правдата, пропалестински и произраелски протести.
„Ниту еден вооружен напад на државна територија, без разлика колку е сериозен дури и напад кој вклучува злосторства, не може да обезбеди какво било оправдување. Израелскиот одговор на нападите на 7-ми октомври ја пречекори линијата и ги прекрши начелата на конвенцијата“, изјави Роналд Ламола, министер за правда на Јужноафриканската Република.
Американскиот секретар со Каиро ја заврши турнејата на Блискиот Исток. Посетата ги утврдила целите за мир во Газа и спречила конфликтот да се прошири.
„Секаде во текот на ова патување бевме фокусирани на голем број клучни цели. Спречување на конфликтот да се прошири, хуманитарна помош за луѓето на кои им е потребна, зголемена заштита на цивилите, извлекување на заложниците. И поддршката за Израел во напорите 7. октомври никогаш повеќе да не се повтори. Имавме разговори за денот по завршувањето на конфликтот, како и за долгорочна, трајна безбедност“, изјави Ентони Блинкен, државен секретар на САД.
Немаме намера трајно да ја окупираме Газа или да го раселуваме цивилното население, тврди премиерот Нетанјаху.
„Се бориме против терористите на Хамас, а не против палестинското население. И ние тоа го правиме во целосна согласност со меѓународното право. Израелската одбрана прави се за да се минимизираат цивилните жртви. Нашата цел е да ја ослободиме Газа од терористите на Хамас и да ги ослободиме нашите заложници. Штом тоа ќе се постигне, Газа може да се демилитаризира и дерадикализиран, а со тоа да се создаде можност за подобра иднина за Израел и Палестинците“, изјави Бенјамин Нетанјаху, израелски премиер.
Тел Авив откри нови тунели на Хамас во центарот на Газа и најави нови операции во областа. Напади на југот, расте бројот на жртви.
Маријана Димовска
