Македонија
Државниот инспекторат за труд ќе поднесе кривична пријава за трагедијата во Амзабегово
11.01.2024 17:27
Државниот инспекторат за труд ќе поднесе кривична пријава за трагедијата во светиниколско Амзабегово, каде што во понеделникот на фарма почина работник, а друг беше хоспитализиран.

Државниот инспекторат за труд ќе поднесе кривична пријава за трагедијата во светиниколско Амзабегово, каде што во понеделникот на фарма почина работник, а друг беше хоспитализиран.
Работодавецот не ги презел заштитните мерки.
Работниците во шахтата од отворен тип, којашто била дел од системот за добивање течно ѓубриво, влегле без упатство за работа, немале соодветна обука, ниту соодветна лична заштитна опрема, а не била направена ниту проценка за ризикот.
