Спасовски и Фик од Вашингтон: МВР покажа исклучителна подготвеност во справување со сајбер закани
Потенцирајќи го ангажманот на МВР на Република Северна Македонија во развивањето и спроведувањето на силна дигитална политика и стратегии за сајбер безбедност како суштинско значење за заштита на нашите граѓани и инфраструктура, Спасовски ја истакна подготвеноста за справување со сајбер заканите.

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на работната посета на Вашингтон, Соединетите Американски Држави, оствари средба во Стејт Департментот со Амбасадорот за сајберпростор и дигитална политика, Натаниел Фик.
Потенцирајќи го ангажманот на МВР на Република Северна Македонија во развивањето и спроведувањето на силна дигитална политика и стратегии за сајбер безбедност како суштинско значење за заштита на нашите граѓани и инфраструктура, Спасовски ја истакна подготвеноста за справување со сајбер заканите.
Спасовски изрази формално барање за натамошна поддршка и помош во развивањето на системот за сајбер безбедност и заштита на критичната инфраструктура на Република Северна Македонија, области чие што значење и безбедност се еден од приоритетите на државата.
Од страна на амбасадорот Натаниел Фик беше поздравен успехот со изградбата на ИКТ центарот во Прилеп кој овозможува заштита на дигиталните податоци на државните институции. Тој му честиташе на министерот Спасовски за успехот во организацијата и гарантирањето на безбедноста на Самитот на ОБСЕ во Скопје, при што истакна дека продолжува унапредувањето на соработката помеѓу САД и Република Северна Македонија. Воедно, Спасовски и Фик се согласија заеднички да се работи на имплементација на Националната стратегија за сајбер безбедност.
