Здравје

Неколку придобивки од тиквичките

11.01.2024 19:34

Тиквичките се така наречени затоа што припаѓаат на исто семејство на растенија како тиквата. Во споредба со големите роднини, тиквичката е значително помала по големина и со долгнавеста форма...

Тиквичките се така наречени затоа што припаѓаат на исто семејство на растенија како тиквата. Во споредба со големите роднини, тиквичката е значително помала по големина и со долгнавеста форма. Тиквичките имаат висока содржина на вода и добра количина на влакна.

Водата му помага на целото тело да функционира подобро и во дигестивниот систем може да го намали ризикот од запек. Тиквичките се ниски со јаглени хидрати, што ги прави добра замена за друга храна богата со јаглехидрати. Диетата која исклучува многу јаглени хидрати има докажано влијание врз намалувањето на шеќерот во крвта и нивото на инсулин во телото.

Од сите витамини и минерали кои ги има во тиквичките, има и такви кои помагаат за добар вид. Тие се витамин Ц и бета-каротен и се неопходни за здравјето на очите. Од антиоксидансите во тиквичките, лутеинот и зеаксантинот можат да помогнат во поддршката на доброто здравје на коските.

Поради високата содржина на вода во тиквичките, тие имаат ниска калориска вредност. Ова овозможува конзумирање на тиквички и останување во калориски дефицит, поради што телото почнува да го согорува вишокот маснотии, намалувајќи ја телесната маса.