Пукање пред Клиничката болница во Тетово, двајца се ранети
На престрелката пред тетовската болница и претходела физичка пресметка помеѓу еден од сега ранетите и еден од осомничените за вечерашното пукање. Физичката пресметка се случила денеска околу 13 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово...

Две лица се ранети во вооружен инцидент кој вечерва се случил пред Ургентниот центар во Клиничката болница во Тетово, информираат од СВР Тетово за „360 степени“.
Двете ранети лица биле примени во болница, а едно од нив, поради природата на повредите, е упатено во Клиничкиот центар во Скопје. Полициски службеници се на терен и се врши увид на местото на настанот, а се преземаат и мерки за пронаоѓање на четири или пет лица кои се сомничат за инволвираност во настанот.
На престрелката пред тетовската болница и претходела физичка пресметка помеѓу еден од сега ранетите и еден од осомничените за вечерашното пукање. Физичката пресметка се случила денеска околу 13 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово.
Како што дознава „360 степени“ еден од двајцата повредени, кои се браќа, е 41-годишно лице што веќе и е познато на полицијата.
