Македонија

Фирмата на Мијалкови ги купила конфискуваните станови на Мијалков

11.01.2024 21:07

Имотот беше продаден во ноември преку јавно наддавање за над 300 илјади евра, кога агенцијата се пожали на притисоци...

Фирма на Јордан Мијалков, син на Сашо Мијалков ги купила трите стана и гаражата на водно, кои беа конфискувани од неговиот татко во случајот империја. Информацијата ја потврди и агенцијата за управување со одземен имот.

Имотот беше продаден во ноември преку јавно наддавање за над 300 илјади евра, кога агенцијата се пожали на притисоци.

Во случајот „Империја“, Сашо Мијалков призна вина и се спогоди со Обвинителството, а казната беше три години затвор и одземање на имот вреден околу 30 милиони евра, меѓу кои 25 станови и парцелата до хотелот Мериот.