Пукотница во Тетово, двајца се ранети
Во пукањето пред Ургентниот центар во Тетово две лица од тетовското село Гајре, завршија со прострелни рани, едниот од нив во тешка состојба...

Во пукањето пред Ургентниот центар во Тетово две лица од тетовското село Гајре завршија со прострелни рани, едниот од нив во тешка состојба. И двајцата веќе се префрлени на Скопскиот клинички центар.
Попладнево две групи едната од Тетово, а другата од тетовското село Гајре физички се пресметувале пред Основниот суд Тетово откако претходно дел од нив имале рочиште во Основниот суд Тетово.
Едната група од Гајре поради здобиените повреди во тепачката се упатила во Ургентниот центар да им се пружи лекарска помош, но пред болницата биле пресретната од другата група кои пукала кон нив нанесувајќи има на две лица прострелни рани.
Екипи на СВР Тетово и јавен обвинител извршија увид на самото место и се преземаат мерки за пронаоѓање на пет лица, кои се сомничат за случајот.
Зоран Димовски
