Временска прогноза
Наутро студено, преку денот сончево
12.01.2024 08:16
Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен до северозападен правец со брзина и над 60 km/h...

Наутро студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен до северозападен правец со брзина и над 60 km/h.
Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до-1, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
