Македонија
Ирскиот премиер Лео Варадкар во официјална посета на земјава
12.01.2024 09:13
Премиерот Димитар Ковачевски со највисоки државни почести ќе го пречека неговиот ирски колега по што ќе следуваат разговори меѓу нив и двете делегации...
Премиерот на Ирска, Лео Варадкар денеска ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија.
Премиерот Димитар Ковачевски со највисоки државни почести ќе го пречека неговиот ирски колега по што ќе следуваат разговори меѓу нив и двете делегации.
Ирскиот премиер ќе има средба и со претседателот на државата, Стево Пендаровски.
