Земјотрес со интензинтет од 3,8 степени-епицентарот во Преспа
Земјотресот предизвикал вознемиреност кај граѓаните, а според првичните податоци, материјални штети не се пријавени...

Земјотрес со интензитет од 3,8 степени е почувствуван ноќеска во Охрид, Струга, Ресен, Битола и Кавадарци. Епицентарот на земјотресот бил во Преспа, на 120 километри од Скопје. Земјотресот предизвикал вознемиреност кај граѓаните, а според првичните податоци, материјални штети не се пријавени.
Како што соопштуваат од Сеизмолошката опсерваторија, телеметриската сеизмолошка мрежа во 00 часот и 32 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 120 km јужно од Скопје, во епицентралното подрачје Преспа, со Рихтерова локална магнитуда ML3.8.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, во Битола, Кавадарци и околината со интензитет од III степени според истата скала.
