Турција го гради најголемиот аеродром на светот
08.06.2014 12:01
Во Истанбул вчера беше поставен камен-темелникот за изградба на третиот истанбулски аеродром, чија изградба ќе чини 10,25 милијарди евра, а кој воедно ќе биде и најголемиот во светот, јави турската агенција Анадолија.
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган соопшти дека третиот аеродром во Истанбул ќе биде изграден на простор од 76,5 милиони метри квадратни.

На тој простор ќе се наоѓа затворен простор од речиси 1,4 милиони метри квадратни. Според овие пропорции, ова ќе биде најголемиот аеродром во светот. Ќе се состои од шест писти, со капацитет за 500 авиони. Со 150 милиони патници годишно ќе биде најпрометниот аеродром во светот, најави Ердоган.
Тој уште рече дека за време на изградбата на авионот на градилиштата ќе бидат ангажирани речиси 100.000 работници.