Македонија

ЦУК: Спасени лица од заглавено возило во снег на Пониква

12.01.2024 09:27

Центарот за управување со кризи информира дека вчерашната спасителна акција е успешно спроведена за заглавените во снег кај Пониква на Осоговските Планини, при што лицата се однесени на безбедно место, а возилото е извлечено од снегот...

Центарот за управување со кризи информира дека вчерашната спасителна акција е успешно спроведена за заглавените во снег кај Пониква на Осоговските Планини, при што лицата се однесени на безбедно место, а возилото е извлечено од снегот. Тоа синоќа, е рапортот, поточно, кусата повратна информација од терен по спасувачката акција на Доброволна планинска спасителна служба ДПСС „Осогово“ од Кочани, на МВР и на други ангажирани субјекти и граѓани.

Како што се наведува во соопштението, вчера во 17.45 била пристигната информацијата за заглавени лица со теренско возило во снег на Поникава, Осоговски Планини, по што веднаш од ЦУК е извршен контакт со ДПСС „Осогово“, а во меѓувреме екипа од МВР со теренско возило била упатена на местото каде што се заглавени лицата и Пожарникарите биле подготвени ако требало.

Вчерашната спасувачка акција е успешно и на време спроведена и покрај студеното и снеговито време, велат од ЦУК.