Кривичен Суд

Куќен притвор за 4-цата осомничени за упадот во М-НАВ

12.01.2024 09:30

Конкретниот настан не се случил во контролната кула, односно просторијата од каде што се врши навигацијата, туку во просторијата која е одвоена со најмалку два безбедносни влеза пред кулата, велат од Кривичниот совет...

Жалбите на јавниот обвинител за случајот М-НАВ, делумно прифатени. Кривичниот совет на 4-цата осомничени за нарушување на безбедноста на меѓународниот авиосообраќај, меѓу кои и советникот во Македонска навигација и претседател на огранокот на ДУИ во Чаир Беким Незири, им одреди домашен притвор.

Конкретниот настан не се случил во контролната кула, односно просторијата од каде што се врши навигацијата, туку во просторијата која е одвоена со најмалку два безбедносни влеза пред кулата, велат од Кривичниот совет.

Адвокатот на Незири тврди дека инцидентот во М-НАВ потекнувал од дезинформации.