МВР

Превентивни активности на МВР за побезбеден сообраќај

12.01.2024 09:59

Во текот на вчерашниот ден на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола, Велес, Скопје и Штип беа реализирани превентивни активности во делот на безбедноста во сообраќајот...

Во текот на вчерашниот ден на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола, Велес, Скопје и Штип беа реализирани превентивни активности во делот на безбедноста во сообраќајот, информираат од МВР.

Притоа полициските службеници од овие Сектори за внатрешни работи во градовите Битола, Прилеп, Ресен, Крушево, Кавадарци, Скопје и Пехчево, а во соработка со РСБСП, разговараа со граѓаните и возачите на теми од областа на сообраќајот кои што се исклучително важни за поединечната и општа безбедност во сообраќајот.

Во рамки на повеќето сообраќајно-превентивни кампањи: „Алкохол и волан – најлоша комбинација“, „Користи зимска опрема“, „Вози одговорно-прилагоди ја брзината“, потоа „Не користи мобилен кога возиш“, „И јас и ти сме пешаци“, „Безбедноста на прво место“, како и „Паркирај совесно и одговорно“ беше апелирано до граѓаните, во интерес на минимизирање на ризиците, за доследно почитување на сообраќајните правила и прописи, а воедно беа делени едукативни летоци со информативни содржини од посочените области.