Енергетика

Денеска електронска аукција за избор на нов универзален снабдувач со електрична енергија

12.01.2024 10:30

Услов за добивање на тендерот е да се понуди профитна маржа пониска од 11,5 отсто, колку што изнесува маржата на досегашниот универзален снабдувач „ЕВН Хоум“...

Денес, во Скопје, ќе се одржи електронска аукција за избор на нов универзален снабдувач со електрична енергија. Услов за добивање на тендерот е да се понуди профитна маржа пониска од 11,5 отсто, колку што изнесува маржата на досегашниот универзален снабдувач „ЕВН Хоум“.

За повикот, покрај постојниот универзален снабдувач, интерес појави и грчката ЕДС – „Енерџи деливери солушнс“, фирма ќерка на грчкото електростопанство ППЦ.

На универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ на 30-ти јуни годинава му истекува пет-годишниот договор за снабдување со електрична енергија на потрошувачите на регулираниот пазар. Од таа причина Владата на 11 декември 2023 година објави јавен повик за избор на нов универзален снабдувач, кој почнувајќи од 1 јули 2024 година, во наредните пет години ќе треба да ги снабдува со електрична енергија потрошувачите на регулираниот пазар.