„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски нa филмскиот фестивал во Венецуела
Ова е трет пат филмот да се прикажува во Латинска Америка, каде што лани доби награда за најдобар филм на филмските фестивали во Перу и Панама...

После дваесетина селекции и пет награди во 2023, политичкиот трилер кој ја третира темата на трговија со жени, годинава својата прва проекција ќе ја има во Венецуела, на 9. издание на FICMARC – Caribbean Sea International Film Festival кој ќе се одржи од 19-ти до 21-ви јануари. Ова е трет пат филмот да се прикажува во Латинска Америка, каде што лани доби награда за најдобар филм на филмските фестивали во Перу и Панама.
Во главните улоги играат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ и Исмаил Касуми, а продуценти се Богдан Јончевски, Дритон Рамадани и Гоце Цветановски.
„Бизнисот на задоволството“ е поддржан од Агенцијата за Филм, а македонската публика напролет конечно ќе може да го види и во киносалите кај нас.