Свет

Продолжуваат борбите во Украина, американската помош за Киев е стопирана

12.01.2024 11:08

Белата куќа објави дека американската помош за Киев е стопирана. Портпаролот на националната безбедност на САД, Џон Кирби вели дека е издаден последниот пакет за кој Вашингтон имал средства да го поддржи.

Борбите продолжуваат во украинските региони. Зеленски вели дека Русија се подготвува за офанзива во пресрет на претседателските избори во март и кандидатурата на Путин. Според него, ситуацијата на фронтот е комплицирана, на Украина и недостига оружје.

Претходно, Белата куќа објави дека американската помош за Киев е стопирана. Портпаролот на националната безбедност на САД, Џон Кирби вели дека е издаден последниот пакет за кој Вашингтон имал средства да го поддржи.

Бајден побара од Конгресот буџет од над 100 милијарди долари, од кои повеќе од 60 милијарди се наменети за Украина. Републиканците ја блокираа мерката, барајќи план за зајакнување на безбедноста на границата со Мексико.

„Го издадовме последниот пакет. Од клучно значење е Конгресот да го одобри дополнителното барање за национална безбедност и да добиеме повеќе средства. Помошта што ја дадовме беше за прекин на нападите што ги спроведуваат Русите, но сега тие само се зголемуваат. Сега тие користат севернокорејски балистички ракети. Потребата е акутна во моментов, особено во овие зимски месеци“, изјави Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност.