Свет
Еквадор: Продолжува борбата против криминалните групи, приведени над 350 лица
12.01.2024 11:22
Бандите и натаму држат како заложници 178 службеници и чувари во седум различни затвори...

Еквадорската национална полиција продолжува со борбата против криминалните групи кои владата сега ги именува како „терористички организации“. Воведена е вонредна состојба со зголемени овластувања на полицијата и војската.
Приведени се над 350 лица, а бандите и натаму држат како заложници 178 службеници и чувари во седум различни затвори.
Запленета е дрога, оружје и памфлети со повици за граѓански бунт против властите, како и закани до претседателот.
