Дипломатија

Средба на министерот Османи со грчката амбасадорка Филипиду

12.01.2024 11:30

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес во својот Кабинет ја прими грчката амбасадорка во земјава, Софија Филипиду. На средбата беа разменети мислења за актуелните политички состојби, а беа разгледани и мерките и активностите кои Владата ги спроведува во насока на имплементација на обврските од Преспанскиот договор...

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес во својот Кабинет ја прими грчката амбасадорка во земјава, Софија Филипиду.

На средбата, соговорниците изразија задоволство од динамиката со која се развиваат односите меѓу двете соседни земји, плодната соработка во повеќе области и заемната подготвеност за нивно продлабочување.

На средбата беа разменети мислења за актуелните политички состојби, а беа разгледани и мерките и активностите кои Владата ги спроведува во насока на имплементација на обврските од Преспанскиот договор.

Недвосмислената поддршка на Грција за европската интеграција на земјата, соработката во рамки на НАТО Алијансата и други меѓународни организации како и регионални иницијативи беа исто така теми на разговор на средбата.