ММФ гледа подобри перспективи за 2024 и благ пад на инфлацијата
Како што изјави портпаролот на ММФ, Џули Козак, фондот гледа поповолни изгледи пред глобалната економија во оваа и следната година, отколку минатата година, но сепак чувствува загриженост во краток рок...

Глобалниот банкарски сектор ќе остане под притисок и во 2024 година, дури и кога глобалната економија ќе почне да заздравува од кризата, објави Меѓународниот монетарен фонд. Како што изјави портпаролот на ММФ, Џули Козак, фондот гледа поповолни изгледи пред глобалната економија во оваа и следната година, отколку минатата година, но сепак чувствува загриженост во краток рок.
„Досега имавме релативно еластична глобална економија. Очекуваме таа отпорност да продолжи во 2024 година. Во исто време, инфлацијата се намалува. Пазарот на трудот продолжуваат да биде отпорен. Се разбира, вестите не се сите добри зашто овој раст од околу 3% не беше доволен минатата година и тоа е многу пониско од претходните глобални просечни стапки на раст, кои беа околу 3,8%. Значи, имаме работа да направиме поголеми напори за да го подигнеме глобалниот раст, особено на среден рок, за заживување на глобалната економија“, изјави Џули Козак – портпарол на ММФ.
Економистите предвидуваат намалување на инфлацијата во светот во следните три години. Глобалната инфлација се очекува да биде околу 5% оваа година, 4,4% следната и 3,6% во 2027 година.
