МВР

179 санкции за брзо возење на територија на државата

12.01.2024 11:56

Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 90 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 89 надвор од населено место.

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 179 возачи.

Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 90 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 89 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштуваат од МВР.