Фудбал – СП Бразил 2014

Рутински победи на Шпанија и Аргентина, реми на Англија

08.06.2014 12:06

Како се доближува почетокот на Светското првенство во фудбал се намалува интензитетот на контролните натпревари. Актуелниот шампион Шпанија во Њујорк успеа да го совлада дисциплинираниот и дефанзивно определен Салвадор со 2:0 со головите на Давид Виља во 60-та и во 87-та минута, негови вкупно 58 репрезентативни. Добра вест за Дел Боске е тоа што двајцата повредени фудбалери на Атлетико Мадрид ги издржаа напорите, па Диего Коста одигра 74 минути, а Хуафран цел натпревар. Во финишот на мечот за „Црвената фурија“ на голот дебитираше Де Хеа.

Двајцата муддијалски учесници пак, Англија и Хондурас во Мајами одиграа 0:0. Фудбалерите на „Гордиот Албион“ ја имаа топката во посед, создадоа и неколку шанси, но не го пробија цврстиот бункер на Ходурас кој мечот го заврши до 10 фудбалери поради исклучувањето на Бекелес во 65-та минута. Поради невреме мечот беше во прекин околу еден час.

Слично сценарио и во Брисел. Поради град фудбалерите на Белгија и на Тунис мораа во текот на првото полувреме да се вратат во соблакувалните. Белгијците славеа со 1:0 со голот на Мертенс во 89-та минута. 

Аргентина со комбиниран состав во Ла Плата триумфираше против Словенија со 2:0. Стрелци на головите беа Алварез во 12-та и Меси во 76-та минута.

Напаѓачот на Сандерленд, Алтидор немаше реперезентативен гол во оваа 2014-та се до двата победоносни за САД во дуелот против Нигерија. Во Џексонвил, Американците беа подобри со 2:1. Алтидор погоди во 32-та и во 68-та минута, а почесниот погодок за Нигерија го постигна фудбалерот на Челзи, Мозес во 86-та минута од пенал.

Претходно, вчера во Рим, Камерун се намачи во победата од 1:0 против Молдавија со погодокот на Сали во 30-та минута.   

До почетокот на Светското првенство ќе се одиграат уште пет пријателски натпревари. Денеска Иран – Тринидад и Тобаго, Франција – Јамајка и Италија против бразилскиот прволигаш Флуминенсе. Утре ќе играат Јужна Кореја против Гана, а во вторник Португалија – Р. Ирска.