Македонија
Маричиќ го пречека премиерот на Ирска, Лео Варадкар
12.01.2024 15:12
Премиерот Варадкар е во посета на Северна Македонија, која е дел од посетите на трите земји кандидати за членство во ЕУ од регионот.

Вицепремиерот Маричиќ денес го пречека премиерот на Ирска, Лео Варадкар, кој е во официјална посета на Република Северна Македонија.
Премиерот Варадкар е во посета на Северна Македонија, која е дел од посетите на трите земји кандидати за членство во ЕУ од регионот.
Неговата посета на Западен Балкан доаѓа во време кога продолжуваат преговорите за проширување на ЕУ.
Посетата е позитивен сигнал за европската перспектива на регионот и државата- соопштуваат од СЕП.
