Македонија

„Транспаренси интернешнл“ со највисока оценка за ДЗР и Антикорупциска

12.01.2024 16:00

„Транспаренси интернешенл“ ги презентираше резултатите од националниот систем за интегритет на Македонија. Државниот завод за ревизија има најмногу интегритет, Јавното обвинителство најслабо оценето...

Државниот завод за ревизија со највисока, а Јавното обвинителско со најниска оценка – „Транспарентност Македонија“ ги презентира резултатите од Националниот систем на интегритет во земјава. Извештајот опфаќа анализа на 15 столба на интегритетот, кои ги вклучуваат Собранието, Владата, јавниот сектор, медиумите, обвинителството, судовите.

Според претседателката на антикорупциска, Ивановска пред истекот на мандатот на составот на ДКСК е задоволна од сработеното. И покрај условите во кои работеле, ресурсите со кои располагале и, како што рече, „сите суптилни пречки со коишто се соочувале“, завршиле околу пет и пол илјади предмети

Анализирана е севкупната политичка, социјална, економска и културна состојба во државата за да може да се дадат квалитативни оценки за функционирањето на надлежните институции.

 

Игор Панов