Биба Додева победник на Макфест 2014

08.06.2014 00:30

Изминативе три дена Штип беше центарот на македонската популарна музичка сцена, а годинешниот „Макфест“ донесе нов сјај ...

Познатата поп пејачка Биба Додева со песната „Врати се“ го освои првото место на фестивалот за забавни мелодии „Макфест“ во Штип, и ја доби наградата од 20.000 евра.
 
Според гласовите второто место му припадна на Дарко Илиевски со песната „Кога најмногу ми требаш“, што воедно му донесе и парична награда од 15.000 евра. 
 
Трет е Елвир Мекиќ со песната „Ако времето е најдобар лек“, за што е предвидена паричната награда од 10.000 евра. 
 
За Најдобар дебитант на „Макфест 2014“ е избрана Симона Попоска која настапи со песната „Како да заборавам“, а паричната вредност за оваа награда е 3.000 евра. 
 
Наградата за Најдобар сценски настап ја доби Викторија Лоба која настапи со песната „Само мој“, како и награда во висина од 3.000 евра.
 
Изминативе три дена Штип беше центарот на македонската популарна музичка сцена, а годинешниот „Макфест“ донесе нов сјај на сцената во Домот на културата во Штип. 
 
Натпреварувачите ги придружуваше ревискиот оркестар на Македонската радио телевизија.