Македонија

30 дена притвор за таткото кој до смрт ја претепа двегодишната ќерка во Кичево

12.01.2024 16:40

30 дневен притвор за таткото убиец од Кичево. 30 годишниот Ф.Д и бил познат на полицијата. Претходно против него биле поднесени 50 кривични пријави за кражба и тешка кражба, во два наврати бил и во затвор. Во многудетното семејство не било пријавувано семејно насилство.

Таткото убиец од Кичево, доби 30 дневен притвор. Тој е спроведен во Казнено поправната установа „Затвор-Битола“. 30 годишниот Ф: Д. Кој ја претепа својата двегодишна ќерка на 18 декември, и која по 22 денови битка за живот почина на Универзитетската клиника за неврохирургија во Скопје и претходно и бил познат на полицијата.

Против него имало 50 кривични пријави за кражба, а во два наврати бил и во затвор.

„Во периодот од 2011 до 2023 година, ОВР Кичево има поднесено околу 50 кривични пријави за сторени кривични дела кражба и тешка кражба. Во 2013 година со судски пресуди, Ф.Д. во два случаи бил осуден на затворска казна во траење од 6 месеци и 1 затворска казна во траење од 3 месеци. До овој момент во ОВР Кичево не е пријавен друг настан за семејно насилство сторен претходно од него“-вели во телефонска изјава Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Во семејството, кое имало седум деца, претходно не било пријавувано семејно насилство.

Според соопштението на Јавното обвинителство, таткото и нанел повеќе удари со раце и нозе на двегодишното девојче, при што го скршил черепот, предизвикал крвавење на мозокот и скршеници на две ребра. Мајката, која го однела детето во болница не го пријавила насилството.

Претепаното девојче прво било пренесено во кичевската болница, но поради сериозноста на повредите било префрлено на скопските клиники, каде и покрај сите напори на лекарите подлегна на тешките повреди.

Соња Рилковска