Битиќи: Членството во ЕУ значи исчекор кон економски и социјален развој
ЕУ значи исчекор кон економски, но и кон социјален развој, кон технолошки развиени компании кои ќе бидат конкурентни на европски и светски пазари, кои отвораат одржливи и добро платени работни места.

ЕУ значи исчекор кон економски, но и кон социјален развој, кон технолошки развиени компании кои ќе бидат конкурентни на европски и светски пазари, кои отвораат одржливи и добро платени работни места. Компании кои се дел од вредносните синџири на глобалните корпорации, и секако, исчекор кон силна економија која е отпорна на надворешни шокови. Тоа е клучната работа која ја гледам од европските интеграции, порача заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, кој учествуваше на панел-дискусија на тема: „Економските придобивки од интеграцијата во ЕУ за компаниите и граѓаните во Северна Македонија“, во рамки на кампањата на Владата на Република Северна Македонија „Европска иднина, поблиску од кога било“.
Во дискусијата вицепремиерот Битиќи истакна дека ЕУ носи предизвик, а тоа е брзината со која сакаме да се промениме во нашето разбирање и однесување, а притоа да станеме по конкурентни за европскиот пазар.
Тој посочи дека независно од евроинтегративниот пат на државата, Владата веќе има направено неколку чекори, односно процеси кои се затвораат, а кои не прават по подготвени за полноправно членство во ЕУ.
Според вицепремиерот Битиќи, не се само во прашање само стратегиите, туку и тоа дека домашните компании веќе зборуваат за тоа да станат дел од вредносните ланци во регионот, но и понатаму, во ЕУ.
Зборувајќи за структурните и кохезионите фондови на ЕУ, вицепремиерот Битиќи нагласи дека на интегрирањето во ЕУ не треба да се гледа само како извор на финансиски средства, туку и како можност за раст и развој.
Посочувајќи дека ЕУ создава можности да имаме подобро образование, подобро здравство, подобра животна средина, и секако, подобра економија, којашто ќе биде двигател на промените во наредниот период.
