Железнички сообраќај

Патничкиот железнички сообраќај редуциран

13.01.2024 08:51

Македонски железници-Транспорт не се финансиски моќни сами да набават локомотиви и патнички гарнитури, поради чиј мал број исправни средства, патничкиот сообраќај во земјава е редуциран. За нивна набавка потребна е помош од Владата...

Малиот број на исправни патнички гарнитури и локомотиви, го редуцираше железничкиот патнички сообраќај во Македонија. Во функција се само шест патнички воза, еден за Битола, два за Гевгелија и три до Велес. Не функционираат линиите кон Кичево, Кочани и Табановце. Но и покрај тоа, од ЈП МЖ Транспорт, во чија сопственост се движните средства, локомотивите и возовите, не започнале постапка за набавка, причина биле финансиските можности за таква инвестиција.

Наспроти најавите дека се прават напори до крајот на минатата година да бидат пуштени во сообраќај двата од есента укинати патнички воза од и за Битола, тендерската постапка на МЖ Транспорт за набавка на резервни делови за кинеските патнички возови, открива дена тоа нема да се случи до крајот на месец јануари, оти понудите се доставуваат до 26-ти јануари.

Колку состојбата во Македонски железници е лоша зборува и тоа што на 25-ти декември лани, од шесте патнички воза сообраќаа само два.

 

 

Петар Печков