Скопје

И денеска ќе можат да се подигнат документи од шалтерите во МРТВ и Беко

13.01.2024 09:21

И денеска (сабота) ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи...

И денеска (сабота) ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Работното време, како што информира МВР е од 8 до 16 часот.

Вчера, премиерот Димитар Ковачевски потврди дека личните документи за внатрешна употреба (лична карта и возачка дозвола) со старото име ќе продолжат да бидат важечки и по 12-ти февруари.