Се повеќе млади купуваат свети симболи, а има и интерес за наследување на овој занает
Колку повеќе свети симболи во домот толку духовно побогато е христијанското православно семејство. Најчесто се чуваат иконите со светците кој се домашна слава или се аманетот предците. Изработувачите на икони задоволни што младите се повеќе купуваат икони, а има и интерес за наследување на занаетот...

Светата икона е нераскинлив дел од христијанските семејства. Во православието тоа не е само обичен предмет туку слика на која се претставува ликот и моќта на некоја светија.
Традицијата вели дека верниците не само во црквите туку и во домовите им се молат на светците за кои веруваат дека се нивни заштитници.
Колку повеќе свети симболи толку духовно е побогато семејството. Изборот на иконите во домот најчесто се одредува по домашната слава или се почитува започнатата традиција од предците, велат граѓаните од православието.
А за да се изработи квалитетна икона неопходно е големо трпение и верба во бога. Семејството Макариовски веќе две децении практикувајќи го византискиот стил создава икони.
Макариовски вели на вакви денови не сака да зборува за материјалната добивка. Истакнува дека најважно е тоа што се повеќе млади купуваат свети симболи, а има и интерес за наследување на овој занает.
Стевче Митревски
