Јемен
САД продолжија со нападите врз Хутите во Јемен
13.01.2024 09:42
САД извршија нови напади врз позиции на Хутите во Јемен, со ракета „Томахавк“, лансирана од разурнувачот „Карни“...

САД извршија нови напади врз позиции на Хутите во Јемен, со ракета „Томахавк“, лансирана од разурнувачот „Карни“. Официјалните медиуми на милитантите, поддржани од Иран, претходно објавија дека била нападната воздушната база Ал Даилами во јеменската престолнина, која ја држат бунтовниците.
Директорот на здружениот генералштаб на САД, генерал-полковник Даглас Симс, изјави дека Хутите лансирале противбродска балистичка ракета како одмазда за нападите во четвртокот вечерта, но таа не го погодила бродот.
