Тајван

Тајван одржува претседателски и парламентарни избори

13.01.2024 09:48

Во Тајван се одржуваат претседателски и парламентарни избори. Кина ги оценува како избор меѓу војна и мир, и го засилува притисокот...

Во Тајван се одржуваат претседателски и парламентарни избори. Кина ги оценува како избор меѓу војна и мир, и го засилува притисокот.

Владејачката Демократска напредна партија, која се залага за посебен идентитет за Тајван и ги отфрла територијалните претензии на Кина, бара трет мандат со нејзиниот кандидат, актуелниот потпретседател Лаи Чинг-Те.

Тој се соочува со два противкандидати за претседател, Хоу Ју Их, од најголемата тајванска опозициска партија и поранешниот градоначалник на Тајпеј, Ко Вен-Је, од малата тајванска Народна партија.