Израелско-Палестински конфликт
Израел се договори со Катар за доставување лекови на заложниците во Газа
13.01.2024 09:50
Израел постигна договор со Катар за снабдување со лекови на заложниците кои ги држи Хамас во Газа, соопшти кабинетот на премиерот Нетанјаху...

Израел постигна договор со Катар за снабдување со лекови на заложниците кои ги држи Хамас во Газа, соопшти кабинетот на премиерот Нетанјаху.
Повеќе од 100 заложници сè уште се во Газа, откако милитантите на Хамас го нападнаа Израел на 7-ми октомври.
Договорот постигнат со посредство на Катар и САД во ноември, резултираше со краткотрајна пауза во непријателствата, за време на која беа ослободени речиси половина од заложниците, во замена за ослободување на палестинските затвореници од израелските затвори, како и зголемување на испораката на хуманитарна помош до Газа.
